Николовски: Ако освоиме двотретинско мнозинство, ќе го вратиме старото име (ВИДЕО)

Фото: 360 степени

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „360 Степени“ зборуваше, вели дека нашата држава се соочува со штетата од договорот потпишан од Заев и Димитров, но дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ги ублажи последиците.

-Има два начини да се направи тоа, првото е да освоиме двотретинско мнозинство за да можеме да пристапиме кон промена на Уставот и да го вратиме старото име. Доколку граѓаните не ни дадат толкава поддршка, треба да направиме една брза серија на реформи, да ја ставиме Македонија на брза трака, да пробаме во скоро време да станеме членка на Европската Унија и кога ќе сме на иста маса со Грција, да пробаме да ги менуваме работите- рече Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот