Instagram

Ник Кејв бил опседнат со Кајли Миног сѐ додека не го снимиле култниот хит пред 30 години

Пред 30 години на почетокот на октомври Ник Кејв и Кајли Миног го снимија дуетот „Where the Wild Roses Grow“, во кој е опишан дијалог на убиецот и неговата жртва и оттогаш започнаа едно од најмалку очекуваните пријателства на светската музичка сцена.

Патиштата на овие двајца Австралијанци се вкрстиле во 1990 година кога Ник Кејв го замолил тогашното момче на Кајли, Мајкл Хачер да му помогне да сними дует со неа.

– Мајкл ми рече: „Мојот пријател Ник сака да сними песна со тебе“. Не знаев кој е Ник Кејв. одговорив: „Тоа е слатко“ – се присети Кајли на тој период.

Ник Кејв во тоа време веќе ја имал за Кајли подготвено песната „Where the Wild Roses Grow“. Верувал дека таа е совршен партнер за да ги изнесе емоциите на песната.

– „Where the Wild Roses Grow“ ја напишав имајќи ја Кајли на ум. Долго сакав да напишам песна за неа. Бев по малку опседнат со неа цели шест години. Ѝ напишав неколку песни, но ниту една не беше достојна да ѝ ја дадам. Дури кога ја напишав оваа песна, која е дијалог на убиецот и неговата жртва, сфатив дека конечно имам вистинска песна за Кајли – открива Кејв, кој бил инспириран да ја напише песната откако ја слушнал традиционалната песна „Down In The Willow Garden“, приказна за маж кој прво и се додворува на една жена, а потоа ја убива.

Ѝ пратил касета и таа се заинтересирала.

„Првпат го запознав Ник во студиото во Мелбурн. Ја прочитав неговата биографија за подобро и да го разберам. Имаше интересни работи“, вели Кајли.

Песната е објавена на 2 октомври 1995 година и стана комерцијално најуспешна песна која „Бед сидс“ некогаш ја снимиле, а се вбројува и меѓу најголемите хитови на Кајли Миног.

Кајли јавно му се заблагодари на Ник бидејќи со оваа песна го променил начинот на кој јавноста ја гледала „ситната блондинка со моќен глас“.

Да се потсетиме на овој култен хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @newwavesocialclub

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот