Незири во „Топ Тема“: Таравари беше против влез на партијата во владината коалиција, проблемот тлее од 2022

Ова што сега се случува во Алијанса за Албанците не е нешто ново, тлее од поодамна уште откако партијата одлучи да стане дел на владината коалиција, чекор со кој не се согласуваше Таравари, вели претседател на инситутот Бирс, Џелал Незири во вечерашното гостување на Топ Тема на ТВ Телма.

Тој истакна дека тогаш Таравари претпочитал повеќе да се унифицира, обединува албанската опозиција, но Села, како претседател на собранието на партијата, донел одлука со која според статутот, претседателот на партијата и претседателството се обврзани да ја испочитуваат и имплементираат.

– Така се поставени работите внатре во Алијанса, каде што централна улога има собранието. Тоа е орган кој носи одлуки, усвојува политики, а претседателот и претседателството се таа извршна власт внатре во партијата која треба да ги извршува“, истакна Незири.

Тој додава дека Таравари, не по своја волја, станал еден од лидерите кои беа дел од владината коалиција и до овој момент или до пред неколку дена инсистирал Алијанаса да биде дел или да се приклучи на опозициската коалиција на албанските партии наречена Европски сојуз за промени кои не одеа со тоа што беше основен договор меѓу Алијанса и ДУИ во 2022 година, кога пристапија на владината коалиција.

– По сè изгледа, тогашниот договор меѓу Алијанса на Албанците и ДУИ беше не само да настапат заедно во владината коалиција, туку таа соработка потоа да прерасне и во предизборна коалиција, вели Незири.

Според него тука кулминирале несогласувањата кои доведоа до моменталната ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот