Нетанјаху: Продолжуваме да војуваме до целосна победа

Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/MIRIAM ALSTER / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на Израелците на прес-конференција на која разговараше за договорот за привремен прекин на огнот со Хамас и договорот за ослободување на заложниците.

Нетанјаху рече дека телефонски разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден и му се заблагодарил за неговите напори да постигне договор и им се заблагодари на сите сојузници за помошта во преговорите со Хамас.

Нетанјаху соопшти дека, како што е дефинирано во договорот, на Црвениот крст ќе му биде дозволено да ги посети и да им пружи прва помош на заложниците кои остануваат во Газа.
Израелскиот премиер нагласи дека војната против Хамас продолжува, и покрај договорот за краток прекин на огнот  и ослободување на заложниците.
„Војната продолжува. Продолжуваме се додека не постигнеме целосна слобода“, рече Нетанјаху на прес-конференциајта што директно ја пренесуваше израелската телевизија.
Нетанјаху рече дека неговиот кабинет синоќа се сретнал за да ја одобри, како што ја нарече, првата фаза од договорот за ослободување на заробениците кои ги држи Хамас и дека владата имала едногласна поддршка на „безбедносниот естаблишмент“.

Истакна дека патот до постигнување договор е поплочен со израелскиот воен и политички притисок врз Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот