Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во видео обраќање во пресрет на еврејскиот празник Пасха, кој почнува утревечер, изјави дека Израел „наскоро ќе изврши уште поболни напади“ против исламистичката палестинска група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во видео обраќање во пресрет на еврејскиот празник Пасха, кој почнува утревечер, изјави дека Израел „наскоро ќе изврши уште поболни напади“ против исламистичката палестинска група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА.

Тој истакна дека Хамас неодамна зазел поцврст став за можниот договор за прекин на огнот во енклавата и ослободување на израелските заложници.

– Наместо да отстапи од своите радикални позиции, Хамас сега ја користи поделеноста меѓу нас, охрабрен од притисокот врз израелската влада.Во наредните денови ќе го зголемиме воениот и дипломатскиот притисок врз Хамас, бидејќи само така ќе ги ослободиме заложниците и ќе ја постигнеме нашата победа, рече Нетанјаху.

Израелските власти веќе подолг период најавуваат дека се подготвува копнена операција во градот Рафа, на границата на Појасот Газа со Египет, со образложение дека таму се кријат борци на Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот