Нетанјаху: Израел нема да ја заврши војната додека не го уништи Хамас и не ги ослободи сите заложници

Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок на владата изјави дека Израел нема да ја прекине војната додека не се постигнат сите негови цели – уништување на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување дека Појасот Газа никогаш повеќе не претставува закана за Израел.

Нетанјаху повтори дека уништувањето на Хамас е главната воена цел на Израел, што, како што наведе, повлекува уништување на преостанатите седум баталјони на таа терористичка група, операциите за расчистување што израелската армија ги спроведува во рациите во северниот и централниот дел на Појасот Газа, како и уништување на мрежата на подземни тунели на групата, што бара повеќе време.

Зборувајќи за потенцијалниот договор за ослободување на заложниците, Нетанјаху рече дека Израел нема да се согласи на никаков договор, по секоја цена, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху рече дека не се точни информациите во медиумите дека Израел се согласил на ослободување на голем број терористи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот