Неста: Дали би го запрел Халанд? Секако, не е како Бразилецот Роналдо

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL (right)/ SIMONE ARVEDA (Left)

Ерлинг Халанд игра фантастично во неговата прва сезона во дресот на Манчестер Сити и Норвежанецот се заканува да ги сруши сите можни голгетерски рекорди.

Какво мислење има јавноста за него на Островот, но и општо во фудбалскиот свет доволно покажува петицијата која се појави. За Халанд сега зборуваше и легендарниот италијански фудбалер Алесандро Неста.

Италијанските новинари во едно интервју го запрашаа Неста дали би го запрел Халанд во неговите најдобри денови, а одговорот на Италијанецот беше интересен.

„Секако дека би го запрел. Во кариерата играв против многу фантастични напаѓачи, играв и против Роналдо и Меси, но никој не е како Бразилецот Роналдо, тој беше едно друго ниво. Халанд е одличен, но не е како него“, смета Неста.

Испрати Неста и совет до сегашните дефанзивци како да играат против Халанд.

„Халанд мора да се напаѓа жестоко, веднаш кога ќе ја прими топката. Морате во текот на целиот натпревар да сте во контакт со него, ако му дозволите да се сврти и да види отворен простор веќе сте го загубиле дуелот, се е готово“, советува легендата на италијанскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот