Неславен почеток на тренерската кариера: Коло Туре доби отказ по два месеци

Фото: EPA-EFE/Michael Regan

Поранешната ѕвезда во Премиер лигата Коло Туре имаше неславен почеток на својата тренерска кариера.

Туре стана тренер на Виган меѓутоа на клупата се задржа само два месеци, па клубот го отпушти поради лошите резултати. Поранешниот фудбалер го водеше тимот на девет натпревари, а во нив Виган не победи на ниту еден, загуби на дури шест.

Виган со таквите резултати се наоѓа на дното во Чемпионшип со заостанување од четири бода од сигурната зона.

Ангажманот во Виган беше прв во тренерската кариера на Туре. Претходно како играч настапуваше за Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал во Премиер лигата, додека за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска собра 120 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот