Неодоливо вкусен десерт: Рецепт за торта со смокви

Фото: Pexels/ Vladimir Gladkov

Во прашање е многу едноставна торта со смокви, а можете да го направите со некое друго овошје како сливи, јаболка, круши и да го збогатите по вкус со цимет. Исто така, свежите смокви можете да ги замените со суви, но прво натопете ги во вода.

Состојки:

За основата

– 4 јајца
– 6 лажици масло
– 2 лажици какао
– 2 лажици брашно
– 1 лажичка ванилин шеќер
– 4 лажици шеќер
– прстофат прашок за пециво
– смокви (околу 15 парчиња или околу 300 гр.)

За глазурата
– 100 гр темно чоколадо
– 1 лажица путер или 4 лажици масло

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Во жолчките додадете го маслото, какаото, ванилин шеќер, брашното, прашокот за пециво и измешајте.

Во друг сад, изматете ги белките додека не се стегнат, а потоа додадете го шеќерот и матете додека смесата не стане сјајна, мазна и цврста. Во смесата од останатите состојки постепено додавајте ја белката и соединете ги сите состојки.

Намачкајте го калапот за печење и посипете го со брашно. Истурете ја смесата, наредете ги смоквите и печете во загреана рерна на 170 степени околу 25 минути.

Изладената торта прелијте ја со чоколадната глазура. Подгответе ја глазурата на вообичаен начин – растопете ја чоколадата на пониска температура со додавање на путер или масло.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот