Неочекуван пресврт – Европа сега има премногу гас!

Цената на гасот во Европа во континуиран пораст / Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Европските власти најпрвин најавија недостиг од гас, а сега се соочуваат со потенцијален вишок. Сепак, тоа не значи дека неговата цена ќе се намалува во иднина. Да потсетиме дека војната во Украина предизвика големо влијание на енергетскиот пазар, особено кога станува збор за земјите кои беа во голема мера зависни од рускиот гас, односно повеќето европски земји. Затоа извесно време избезумено купуваа природен гас и го трупаа. До 9 мај годинава европските складишта за гас беа полни и до 62 отсто, а доколку продолжи сегашниот тренд на купување на тој енергенс, тој целосно ќе се наполни веќе во август. Така барем проценува американската банка Морган Стенли, пренесува Каматица. Последица од акумулацијата на овој енергенс е падот на неговата цена. Сега чини 150 отсто помалку отколку во неговата максимална цена во август 2022 година! Сепак, поевтинувањето на природниот гас не ги намали сметките за енергија во Европа. Постои можност да не се намали во наредниот период, бидејќи цените на природниот гас би можеле повторно да скокнат поради студената зима, зголемувањето на побарувачката на гас од Азија, зголемувањето на потрошувачката во самата Европа итн. Сето ова може многу лесно да се случи, особено растот на побарувачката од Азија по укинувањето на ограничувањата за ковид во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот