Нема мир меѓу Ерменија и Азербејџан: Загинаа тројца ерменски војници во минифрлачки напад

Фото: EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENCE MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT / BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во минофрлачки напад на азербејџанските сили загинаа тројца ерменски војници, соопшти министерството за одбрана на Ерменија.

-Во минофрлачкиот напад на азербејџанските сили врз позициите на ерменската војска загинале тројца војници, а двајца се ранети. Во тек се вооружени судири, се наведува во соопштението, јавува ТАСС.

-Утрово околу 4.30 единиците на азербејџанските вооружени сили повторно го прекршија договорот за прекин на огнот во североисточниот сектор од пограничното подрачје. Во тек се локални оружени борби и во 6 часот наутро тие се уште траат. Одговорноста за влошувањето на ситуацијата го сноси воено-политичкото раководство во Баку, се наведува во соопштението.

Во североисточниот сектор од пограничното подрачје владее напнатост уште од 12 мај, наведува ТАСС.

Министерството за одбрана на Ерменија тврди дека азербејџанските вооружени сили недозволено ја преминале ерменската граница и влегле на територија на Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот