Нема друго чаре за уставните измени освен „силен земјотрес“ во ВМРО-ДПМНЕ, оценува пратеникот Реџепи

Скендер Реџепи Алтернатива
Скендер Реџепи / Фото: Слободен печат- Драган Митрески

Вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 гостуваше независниот пратеник Скендер Реџепи Зејди, кој оцени дека само силен „земјотрес“ во ВМРО-ДПМНЕ може да донесе уставни измени.

„Не верувам дека може да се обезбедат 80 пратеници за уставните измени. Тоа така изгледа моментално. Од ЕУ ќе има веројатно притисок, пред наредните избори да се направат уставните измени. ДУИ и СДСМ немаат интерес за брзи избори, додека 2024 кога се редовните избори изгледа далеку и не знам дали има време за уставни измени. Сите опции се отворени, но Владата нема да дозволи предвремени избори, ќе се обиде да ги внесе и Алијанса за Албанците во коалиција. Единствено, ако не се случи силен политички „земјотрес“ во ВМРО-ДПМНЕ, ако се направи фракција во партијата, тогаш можно е да се обезбедат неколкумина пратеници за уставни измени“, рече Реџепи.

Скендер Реџепи беше пратеник на Алтернатива, но од јуни дејствува како независен пратеник во Собранието, откако ја напушти партијата по нејзиното влегување во власта и тој остана на опозициски позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот