Лого на социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Неколку технолошки гиганти му се придружија на Фејсбук во правната битка против хакерската компанија HCO

Технолошките гиганти „Мајкрософт”, „Алфабет”, „Циско” и „Вмвер” вчера се приклучија во правната битка на Фејсбук против хакерската компанија НСО, со поднесок до федералниот суд во кој предупредуваат дека израелската компанија користи моќни и опасни алатки.

Во поднесокот се наведува дека растот на „силен, неконтролиран, комерцијален пазар за алатки за надзор на интернет драматично ќе го зголеми бројот на влади и компании што имаат пристап до нив”, јавија британските медиуми.

Фејсбук уште минатата година ја тужеше НСО, кога беше откриено дека компанија за кибер надзор, чии програми користат ранливост на софтверот за да ги преземат уредите на своите цели, користеше дупка во кодот на апликацијата за преписка во сопственост на Фејсбук VocAp, за да помогне во следење на повеќе од 1.400 луѓе низ целиот свет.

НСО, која досега не реагираше на обвинувањата, тврди дека може да побара имунитет од тужбата благодарение на работата за странските влади.

Случајот будно го следат бранители на човекови права и технолозите, од кои многумина долго време предупредуваа дека услугите на НСО се користат за да им наштетат на невини луѓе и да ги замолчат политичките неистомисленици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот