Неколку корисници на „Фејсбук“ пријавија проблеми

Facebook logo Фејсбук лого
Фејсбук лого/ EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Илјадници корисници на „Фејсбук“ синоќа не можеле да вчитаат страници и имале проблеми со почетната страна на апликацијата.

Повеќето од нив се обратиле на веб-страницата „Даундетектор“ – онлајн платформа која обезбедува информации за статусот на популарните интернет-ресурси – за да го објаснат својот проблем. Проблемите се случиле околу 18:00 часот.

Корисниците решиле да се се огласат на нивните „Твитер“ профили за да прашаат дали другите се соочуваат со слични проблеми.

Некои од нив „твитнале“: „Дали падна Фејсбук? Не можам да пристапам до мојот њуз-фид, мојата фејсбук-страница и моите омилени ФБ-страници“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот