Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Некој нов Бразил: На Копа Америка без Касемиро, Ричарлисон, Бремер, Габриел Жесус…

Селекторот на Бразил, Доривал го објави списокот од 23 фудбалери на кои ќе смета за претсојната Копа Америка и на него можат да се забележат големи промени.

На списокот на „Кариоките“ го нема петкратниот освојувач на Лигата на шампионите, Касемиро. Покрај него од досегашните репрезентативци отпаднаа: Ричарлисон, Габриел Жесус, Бремер...сите тие беа дел од Мундијалот во Катар, но Доривал сега смета дека е време за свежа крв.

Во нападот репрезентацијата ќе биде предводена од тандемот на Реал Мадрид Винисиус – Родри, додека нов играч во националниот тим е Ендрик кој во март стана најмладиот стрелец на славниот „Вембли“.

Ќе потсетиме, Копа Америка стартува на 20-ти јуни и ќе се игра до 14-ти јули во САД. Пред почетокот Бразилците ќе одиграат контролни натпревари против Мексико и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот