Негативен е и третиот тест за коронавирус на Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Негативен е и третиот тест за инфекција на коронавирус кај германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија денеска од нејзиниот кабинет, а пренесоа светските агенции.

„Канцеларката и во следните неколку дена своите државнички работи ќе ги извршува од домашен карантин”, додава владата во Берлин во соопштение.

Канцеларката Меркел во домашен карантин се наоѓа повеќе од една недела, откако лекарот, кој и дал вакцина, бил позитивен на тестот за коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот