Неделен хороскоп (30.01-05.02): Почитувајте ги конструктивните забелешки

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Оваа недела ќе мора да ги преиспитате обврските и плановите. Можеби ќе треба да го промените распоредот за да бидете попродуктивни или да промените некои лоши навики. Не дозволувајте критиките да ви влијаат негативно. Почитувајте ги конструктивните забелешки, искористете ги за да научите нешто, а заборавете на злонамерните. Освен тоа, посветете си себеси повеќе време за одмор.

Бик

Главна тема оваа недела ќе бидат љубовните врски. Можеби чувствувате дека се случуваат чудни промени во вашиот личен живот. Од една страна, ќе ви се чини дека е дојдено време да ја официјализирате врската со партнерот. Од друга страна, се сомневате дека партнерот е способен да одговори на вашите финансиски потреби. Астролозите ве советуваат оваа недела да не се занимавате со финансиски работи бидејќи тие можат да доведат до конфликт.

Близнаци

Фокусот ќе биде ставен на семејниот живот и уредувањето на домот во согласност со правилата на фенг – шуи. Ако живеете со вашите родители, ќе биде тешко да избегнете напнати или конфликтни ситуации. Сепак, обидете се да направите компромиси и да направите нешто што ќе им користи на сите.

Рак

Оваа недела ќе патувате и ќе запознаете многу луѓе. Ќе ви биде интересно да комуницирате, да ги проширите вашите перспективи и искуства. Можеби ќе добиете гласини кои ќе ве изненадат, а можеби ќе бидете разочарани од некој што го познавате. Сепак, ве очекуваат и многу позитивни, радосни моменти. Оние кои патуваат сами имаат шанса да ја запознаат љубовта на својот живот.

Лав

Во текот на оваа недела најмногу ќе се грижите за материјалната благосостојба. Се обидувате да најдете начини да заработите повеќе пари. Сепак, сè што сакате да постигнете ќе бара одредени финансиски трошоци. Вашите соништа тешко ќе се остварат без пари како почетен капитал. Добрата вест е што можете да побарате помош од вашите најблиски.

Девица

Оваа недела ќе сакате да ги изненадите пријателите. Поканете ги на вечера, подгответе некоја убава и необична храна и вино. Оваа недела ќе биде добра и за промена на имиџот – размислете за промена на бојата на косата или стилот на облека. Не заборавајте дека промените се секогаш добри бидејќи внесуваат нова енергија во животот.

Вага

Потребно е да се одморите од секојдневниот метеж, да ги исклучите сите телефони и да се повлечете во мир и тишина. Ова е добро време и да се фокусирате на сопствениот духовен развој. Ќе успеете да решите некои ваши сомнежи и комплекси, да се ослободите од стравовите и да пронајдете душевен мир. Добрата вест е дека ве очекува подобрување на вашата финансиска состојба оваа недела.

Скорпија

Можен е конфликт со пријател, кој може да доведе до долга расправија или дури и прекин на пријателството. Од друга страна, во овој период можете да запознаете интересна и пријатна личност со која ќе развиете пријателски односи. Оваа недела ќе биде поволна за комуникација и склучување нови зделки. Користете ги вашите контакти за да запознаете уште повеќе нови луѓе, а еден од нив може да биде вашиот иден деловен партнер.

Стрелец

Оваа недела ќе морате да се справите со одредени тешкотии во односите со партнерот. Сè што ќе кажете или ќе направите ќе наидува на неодобрување и незадоволство, нема да имате поддршка за ништо. Сега е вистинско време да ја преиспитате вашата врска и да се запрашате себеси дали вреди и понатаму да продолжите со истата.

Јарец

Оваа недела копнеете по знаење и нови искуства. Запишете се на курс, научете нов јазик. Искористете го времето за нешто корисно што може да ви донесе многу придобивки во иднина. Некои од вас ќе заминат на возбудливо патување и ќе запознаат многу интересни луѓе. Само, внимавајте да не ги занемарите финансиските прашања.

Водолија

Оваа недела ќе бидете желни за авантури и ризици и ќе почувствувате огромен наплив на адреналин. Сепак, пазете се од непромислено однесување бидејќи големи се шансите да ги изгубите сите пари, особено во првата половина од неделата. Доколку сте во врска, сега е одлична можност да ја зацврстите вашата врска и да ги загреете страстите. Оние кои се слободни имаат шанса за романса со колега.

Риби

Бизнисот ќе ви биде во фокус оваа недела. Ве очекуваат нови партнерства со успешни соработници. Од вас се очекува повеќе и подобро бидејќи вие сте способни за тоа.
Меѓутоа, во личните односи можни се тешкотии со партнерот. Обидете се да ги разјасните сите несогласувања пред да биде предоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот