„Не знам како ќе се вратам во Киев“: Патешествието на една мајка низ нападнатата Украина

Бегалци Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Еден ден пред Русија да ја нападне Украина, Ирина Кириченко и нејзиниот сопруг заспале мислејќи дека следниот ден ќе ги одведат нивните две мали ќерки кај баба им.

Наместо тоа, тие се разбудиле во нивната куќа во Киев од звуците на ракетни експлозии, а потоа набрзина се спакувале и побегнале.

Прво заминале кај пријателите во блиското село, потоа во град во западна Украина, а на крај заминале за границата со Романија. Тука Ирина се разделила со својот сопруг (38) кој се вратил во Украина да ја брани земјата од руската инвазија, пишува Ројтерс.

Три дена подоцна, Ирина Кириченко, 37-годишна оперативна менаџерка во технолошка компанија, и нејзините две ќерки, Ксенија (11) и Алиса (7), стигнаа до романската престолнина Букурешт, стотици километри оддалечена од животот во Киев што таа го опишува како „многу едноставен, многу убав“.

„Додека возевме кон границата, неколку ракети експлодираа во близината“, рече таа говорејќи за нивното патување во собата што ја резервирала во еден ниско-буџетен хотел во близина на главната железничка станица во Букурешт.

Таа вели дека возењето од 500 километри од селото недалеку од Киев до градот Черновци во западна Украина во близина на северниот романски граничен премин Сирет им одзело 14 часа бидејќи немало гориво на сите бензински пумпи.

Сопругот на Кириченко ги возел колку што можел поблиску до граничниот контролен пункт, но долгата низа возила значела дека таа и нејзините ќерки ги поминале последните 6 километри пеш.

По двочасовно чекање, тие преминаа во Романија во петокот наутро, каде ги пречекаа волонтери кои носеа храна, топли пијалаци и понуди за превоз и сместување.

„Децата беа полни со храна, грицки, овошје, вода, играчки“, рече таа.

Децата плачат бидејќи се разделиле со својот татко

Нејзиниот глас се распадна додека се присетуваше како „децата плачеле затоа што го оставиле својот татко“.

Откако се одмори неколку часа во куќата на еден волонтер, Кириченко, која всушност е со руско потекло, продолжила кон Букурешт, каде што сега поминува избезумени часови на апликацијата Телеграм, гледајќи ги сликите од нејзиниот уништен роден град и вестите за погодените цивилни згради, вклучително и детската болница.

Таа, исто така, им помага на своите колеги од компанијата, бидејќи и тие ги преминуваат границите и се движат кон Букурешт и Варшава.

„Сега е многу тешко да се помине границата, кога ја поминувавме имаше можеби 100-200 луѓе, но сега се можеби 3.000. Таму има премногу гужва, сите се нервозни, нема вода, остануваат цела ноќ на улица со децата. , а времето е ладно“ вели таа.

Мајката, братот, постарите баби и дедовци и свекрвата на Кириченко сè уште се во Киев и не можат да заминат. Таа рече дека засега ќе остане во Букурешт, но подоцна би можела да се пресели во Лисабон, каде што нејзиниот работодавец има канцеларија.

„Ние се плашиме за нашите сопрузи, нашите браќа и другите мажи кои остануваа таму. Животот во Киев порано беше многу едноставен, многу убав, можеме да кажеме што сакаме, можеме да правиме се што сакаме. Киев е многу убав, многу древен град, се плашам да не го уништат. Не знам како да се вратам таму“, заклулува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот