Не се знае кога ќе се реши проблемот со карпите над Матка, процедурата била бавна

ЦУК прес-конференција/ Фото Слободен печат

Врз основа на стручното мислење од Комисијата за брани, Центарот за управување со кризи побарал да бидат преземени понатамошни активности во однос на двете нестабилни карпи над браната Матка.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов денеска информираше дека ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои треба да бидат преземени, а понатаму да се изработи проектна програма која детално ќе го уреди начинот на кој ќе биде отстранета опасноста. Врз основа на тоа, ЕВН Електрани ќе треба да распише тендер со кој ќе најде изведувач за надминување на опасноста од уривањето на карпите.

Генерално размислите одат во две насоки, едната е карпите да бидат стабилизирани на местото на кое се наоѓаат со специјални уреди и механизми со што тие би биле прицврстени за карпата, а втората варијанта е контролирано рушење – рече Ангелов.

Тој објасни дека на втората нестабилна точка, од ЕВН Електрани е ангажирано лице алпинист кој има поставено уред за мерење на поместувањето на карпата, т.н. тензиометар со кој се мери колку карпата се движи преку ден и преку ноќ, односно при промена на температурата.

Првата карпа е со димензии од 6 до 8 кубни метри или околу 20 тона, додека втората карпа е значително поголема. Овие карпи се нестабилни, но не значи дека се такви од скоро, може се со децении, при евентуален нивен пад може да настане загрозување за Град Скопје – појасни Ангелов.

Директорот на ЦУК не знае кога би бил решен проблемот со карпите затоа што, како што вели, процедурата е бавна, но се спроведува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот