Не само опозицијата – повеќето граѓани бараат предвремени избори, вели Пренџов

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов, во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 рече дека предвремени избори во земјата не бара само опозицијата, туку и мнозинството на граѓани во земјата

-Предвремените избори не ги бара само опозицијата, туку и големото мнозинство на граѓани во земјава. Во Собранието имаме слика на фатаморгана, нешто кое не е реално се прикажува дека е реално, го велам ова затоа што кога ќес е изгуби со повеќе од 120 илјади гласа на градоначалнички листи и кога ќе ви бараат избори, а притоа имате коалициони проблеми тогаш не може да правите победничка слика кога сте успеале на не знам каков начин да придобиете опозициска партија за во власта, не значи дека и граѓаните го мислат тоа, рече Пренџов.

Тој вели дека реалноста е променета, а СДСМ треба да сфати дека партиите не владеат со државата, тие управуваат, а управуваат врз основа на поддршка од граѓаните.

-Во ситуација кога граѓаните не даваат поддршка на политиките на власта и сметаат дека се неработници и неспособни тогаш „купувањето на партија“ за 64 пратеници не го решава проблемот, тоа е фатаморгана односно измислена реалност, реалноста е дека граѓаните не се задоволни од оваа власт, додаде Пренџов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот