Не изгаснати старите, а нови пожари ја зафатија Грција. Помош стигнува од 11 земји

Сателитски снимки од пожари / Фото EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES

Пожарите на Родос и Крф, сè уште не се ставени под контрола. И додека противпожарните екипи неколку дена водат битка со огнената стихија, попладнево избија нови пожари во близина на градовите Ламија и Велестино во централна Грција, а превентивно беа евакуирани населени места, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос попладнево информираше дека пожарот кај Велестино брзо се проширил и затоа преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за превентивна евакуација на две села и индустриската зона на Волос.

Фото: EPA-EFE/DAMIANIDIS LEFTERIS

Иста порака добиле и жителите на северниот дел на грчкиот град Ламија за превентивна евакуација кон централниот и јужниот дел на градот.

Пожарите се гасат со копнени и воздушни сили.

-Битката со катастрофалните пожари продолжува на многу фронта и денеска сите сили на цивилната заштита функционираат под екстремни услови, со оглед на тоа дека денешниот ден е најтежок летово, потенцираше портпаролот на противпожарната служба на Грција.

Посочи дека во битката со огнената стихија помагаат пожарникари и средства од 11 земји.

Гаснење на пожар кај селото Метохи близу Епидаурус – Фотографија ЕПа, Бугјотис Евангелос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот