Фото: Pexels/Heitor Verdi

Научно докажано: Жените кои го пијат ова црвено вино, побавно стареат

Еден вид црвено вино може да го спречи стареењето на кожата, велат експертите. Новата студија покажа дека специфичен и необичен вид на црвено вино ја прави кожата да изгледа помлада.

Истражувачите од Универзитетот во Флорида откриле дека жените кои пијат две чаши безалкохолно мускатно вино дневно, имале поголема еластичност и задржување на водата во кожата од оние кои консумирале плацебо. Наодите од студијата беа презентирани овој понеделник во Бостон на годишниот состанок на Американското друштво за исхрана „Исхрана 2023“ (Nutrition 2023).

Мускатното вино се прави од грозје мускат, тврдо грозје со дебела лушпа, кое потекнува од Северна Америка.

„Користевме безалкохолно вино мускат, бидејќи бевме заинтересирани за ефектот на биоактивните соединенија во виното, особено за полифенолите, на здравјето на кожата“, рекла во соопштението за медиумите д-р Линдзи Кристман, која го спровела истражувањето со д-р Ливеи Гу, професор по хемија на храна во УФ.

Губењето на еластичноста предизвикува кожата да почнува да виси во процесот на стареењето, додека задржувањето на водата помага во создавањето бариери против оштетувањето.

Споменатата студија е прва која го утврди начинот на кој консумирањето безалкохолно вино може да влијае на здравјето на кожата во рандомизирано клиничко испитување.

Научниците избрале 17 жени на возраст меѓу 40 и 67 години и по случаен избор им дале да пијат две чаши дневно деалкохолизирано мускатно вино или плацебо пијалак кој слично изгледал и имал сличен вкус.

Мускатното грозје потекнува од југоистокот на Америка и обично се користи за правење вино, иако често се нарекува и „суперовошје“ поради високото ниво на полифеноли – вклучувајќи антоцијани, кверцетин и елагична киселина – кои можат да го намалат воспалението и оксидативниот стрес.

„Утврдено е дека грозјето мускат има уникатен полифенолен профил во споредба со другите сорти на црвено вино“, рекол Кристман.

Плацебо пијалакот не вклучувал полифеноли.

Учесниците во испитувањето пиеле по две чаши од доделениот пијалак дневно во текот на шест недели, а потоа правеле двонеделна пауза, потоа се замениле и пиеле друг пијалак уште шест недели.

Состојбата на кожата и маркерите на воспалението и оксидативниот стрес биле мерени на почетокот на студијата, како и на крајот од секој шестонеделен период.

Истражувачите откриле дека мускатното вино има значително влијание врз еластичноста на кожата, како и намалување на губитокот на вода на површината на кожата.

„Нашата студија сугерира дека полифенолите на мускатното вино имаат потенцијал да ја подобрат состојбата на кожата, особено еластичноста и трансепидермалното губење на вода кај средовечните и жените на постара возраст“, рекол Кристман.

Меѓутоа, тие не откриле дека постои значително влијание врз количината на брчки на кожата по студијата.

Додека кожата станала помазна поради пониските нивоа на воспаление и оксидативен стрес за групата која пиела мускатно вино, разликата во споредба со плацебо групата не била значајна во врска со тој параметар.

„Оваа вкрстена студија покажа дека шестнеделното консумирање мускатно вино резултирало со подобрувања на одредени параметри на кожата поврзани со стареењето, како што се еластичноста на подлактицата и бариерната функција на кожата на лицето, во споредба со почетната линија и плацебо. Ова најверојатно се должи на намалување на воспалението и оксидативниот стрес“, објаснил Кристман.

Истражувачите веруваат дека повторувањето на студијата со поголема и поразновидна група на луѓе би било добро за потврда на наодите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот