стареење жени
Фото: Профимедиа

Научниците открија: Овие пет болести ги наследуваме од родителите!

Секој човек има два сетови на гени, еден од мајката и еден од таткото. Гените се состојат од ДНК, наследниот материјал кај луѓето и другите организми. Покрај физичките карактеристики, гените исто така, одредуваат некои здравствени состојби кои луѓето ги наследуваат од родителите.

Ова се некои од најчестите наследни здравствени состојби според Националниот центар за биотехнолошки информации на Националната медицинска библиотека на САД, пренесува „Тенет хелт“ (Tenet Health).

1. Болести на срцето

Не изненадува фактот што срцевите болести се дел од овој список, со оглед на тоа дека тие се водечката причина за смрт во САД. Најчестите типови на наследни срцеви болести се коронарна артериска болест (КАБ) и хипертензија или висок крвен притисок. КАБ е предизвикана од таложење на наслаги (плак) и холестерол на внатрешните ѕидови на артериите. Тоа влијае врз протокот на крв и кислород во срцето.

КАБ со текот на времето се влошува и претставува една од водечките причини за срцев удар во САД. Од друга страна, висок крвен притисок се појавува кога срцето работи премногу напорно за да ја „протурка“ крвта низ вашите артерии.

Како да се намали ризикот? Ако имате родители кои боледуваат од срцеви болести, може да имате зголемен ризик од развој на овие болести, меѓутоа, можете да го намалите ризикот или барем правилно да управувате со симптомите. Некои промени на начинот на живот кои можат да помогнат вклучуваат: здрава исхрана, редовно вежбање, одржување здрава тежина, ограничување на консумацијата на алкохол, избегнување на пушењето и редовни прегледи кај лекар.

2. Астма

Астмата е белодробна болест предизвикана од поттикнувачи како што се алергии, загадувачи на воздухот, чад, мувла, животни итн. Луѓето кои имаат астма може да се соочат со периоди на стегање во градите, кашлање, и отежнато дишење.

Како да се управува со симптомите? Ограничување на изложеноста на поттикнувачите е најдобриот начин да се избегнат симптомите на астмата. Исто така, лицата кои боледуваат од астма секогаш мора да ги имаат лековите при рака во случај неочекувано да се појават симптоми на болеста.

3. Дијабетес

Еден од 13 луѓе во САД има дијабетес. Тоа може да биде предизвикано од генетски фактори, фактори на животната средина и како и начинот на живот. Без разлика дали се работи за дијабетес тип 1 или тип 2, тоа е хронично заболување кое мора рано да се открие и третира бидејќи може да доведе до сериозни компликации како слепило, ампутација, срцеви болести и откажување на бубрезите.

Како да се намали ризикот? Децата на луѓето со дијабетес имаат поголема веројатност да ја добијат болеста. Сепак, можете да го намалите ризикот или подобро да управувате со симптомите, консумирајќи помалку шеќер и маснотии, одржувајќи здрава тежина, редовно вежбање, избегнување на стресни ситуации и редовни лекарски прегледи.

4. Болести на едниот ген или моногенски болести

Нарушување со еден ген претставува специфичен ген кој ја предизвикува болеста. Постојат повеќе од 6.000 индивидуални генетски нарушувања и нивните симптоми варираат на многу начини. Некои нарушувања од еден ген можат да се идентификуваат веднаш штом ќе дојде до бременост или раѓање, додека други може да не се дијагностицираат до повозрасни години. Ваквите нарушувања може да се пренесат дури и кога мајката и таткото на лицето не покажуваат никакви симптоми.

Како да се намали ризикот? Доколку знаете дека постои едно генетско нарушување во вашето семејство, разговарајте со вашиот лекар за да може да ве упати кај специјалист. Во спротивно, можете да побарате тест или преглед за да утврдите дали боледувате од наведеното нарушување.

5. Рак

Ракот доаѓа во многу форми. Тоа е предизвикано од неконтролиран раст и ширење на абнормални клетки во одредени делови од телото. Покрај начинот на живот, гените и факторите на околината исто така придонесуваат за појавата на рак. Некои од најчестите видови на рак вклучуваат рак на белите дробови, дојката и простатата. Ракот на белите дробови доведува до најголем број смртни случаи од рак кај мажите и жените во САД.

Како да се намали ризикот? Ризиците и симптомите варираат во зависност од видот на ракот. Општо земено, ризикот може да се намали со практикување на здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување на пушењето, ограничување на консумацијата на алкохолот и рутинските здравствени прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот