Научниците направија чип од печурки: добивме биоразградлив материјал наместо пластика

Unsplash
Unsplash

Печурките би можеле да станат биоразградлива алтернатива на видот на пластиката што се користи во батериите и компјутерските чипови, што ќе го олесни рециклирањето, според новото истражување.

Експертите од Универзитетот Јоханес Кеплер во Австрија дојдоа до ова откритие за време на истражувањето на флексибилната електроника, со фокус на одржливи материјали за замена на неразградливите, објави Индекс хр.

Научниците открија дека кожата на печурката Ганодерма луцидум може да послужи како замена за основата што се користи во електричните кола, која ги изолира и лади проводните метали.

Оваа основа обично е направена од неразградлива пластика која се фрла по употреба. Имено, тие забележале дека оваа габа, која најчесто расте на скапани дрвја во Европа и Источна Азија, има компактна заштитна кожа направена од мицелиум, мрежа слична на коренот, со која го штити медиумот на кој расте, односно дрвото.

Иако работата на тимот моментално е експериментална и далеку од масовно производство, истражувачите веруваат дека биоразградливата кожа може да биде остварлив алтернативен материјал за употреба во електрониката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот