Наставничкиот пленум бара веднаш да се покачат платите во образованието, инаку бојкот

Училиште, училниц
Празна училница /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Наставничкиот пленум бара планираното зголемување на платите за вработените во образованието од седум отсто, кое е предвидено со годинашниот државен буџет, согласно со колективниот договор и поврзано со покачувањето на минималната плата, да се пресметува и реализира веќе од 1 март.

Во барање до ресорниот министер Јетон Шаќири, Пленумот наведува дека просветните работници се незадоволни и се чувствуваат дискриминирани во однос на другите вработени во јавниот сектор поради тоа што секторот образование е изземен од исплатата на регресот (К-15).

Наставниците бараат и организиран превоз, месечен билет за јавен превоз или месечен надомест за патни трошоци за просветните работници што патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина, како и надомест за одделенските наставници кои работеа дополнителни часови со учениците за време на онлајн-наставата во периодот на пандемијата во учебната 2021 година.

-Ако нашите барања не бидат земени предвид, ние, наставниците на Наставнички пленум, предвидуваме бојкот на наставата, штрајк или протести и ги повикуваме да ни се придружат сите синдикати од секторот образование и сите граѓански образовни здруженија, како и здруженијата на родителите, се наведува во барањето до министррот Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот