Насилник од Кисела Вода ѝ се заканувал на екссопругата и на полицајците кои дошле да го апсат, носел два ножа

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Синоќа во скопската населба Кисела Вода бил уапсен 35-годишен скопјанец кој ѝ се заканувал на поранешната сопруга, а потоа бил и агресивен кон полицајците кои биле повикани, соопшти МВР.

-На 11.04.2023 во 20.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(35) од Скопје затоа што упатил закани кон неговата 34 – годишна поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кај него биле пронајдени два ножа, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот