Насилници киднапирале и тепале двајца тинејџери во Штип

Фото: МИА

Четворица насилници од Штип се уапсени вчера откако, според полицијата, насила внеле во автомобил и тепале двајца тинејџери од градот, од кои едниот е малолетен.

„На 28.12.2022, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип. Тие се сомничат дека на 27.12.2022 околу 17.30 часот со употреба на сила внеле 17-годишно момче од Штип во патничко моторно возило „Сеат”, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква” во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет. Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во автомобил „Сеат Толедо”, а подоцна во селото Шашаварлија физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип“, се вели во полициското соопштение, во кое не се откриваат детали околу мотивите за насилството.

Четворицата млади тепачи се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот