НАСА изгуби контакт со својот хеликоптер на Марс

Фото: Принтскрин/Твитер/НАСА

Хеликоптерот на НАСА Ingenuity Mars доживеа сериозни проблеми во комуникацијата за време на својот 72-ри лет.

„Податоците што Ingenuity ги испрати до роверот Perseverance (кој делува како релеј меѓу хеликоптерот и Земјата) за време на летот, укажуваат дека тој успешно се искачил на одредената максимална висина од 12 метри“, објави НАСА.

За време на планираното спуштање, комуникациите меѓу хеликоптерот и роверот беа прекинати пред да се спушти.

Тимот на Ingenuity ги анализира достапните податоци и ги разгледува следните чекори за враќање на комуникацијата со хеликоптерот.

Ingenuity и Perseverance заедно слетаа во февруари 2021 година на дното на кратерот широк 45 километри на црвената планета, во кој пред милијарди години се наоѓало големо езеро и речна делта.

Perseverance бара докази за минат живот на Марс и собира примероци пред да се врати на Земјата. Ingenuity служи како извидник за роверот со големина на автомобил, на мисија што НАСА ја лансира откако малиот хеликоптер успешно заврши пет пробни летови во пролетта 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот