Народот против новиот контроверзен закон во Хонгконг – демонстрантите повторно зад маски

Фото: Профимедиа

Илјадници маскирани демонстранти излегоа на улиците на Хонгонг пркосејќи на одлуката на лидерката Кери Лам за забрана на носење маски за лице на основа на законост за вонредни ситуации, објави „Б92“.

– Граѓани на Хонгконг, пружете отпор! – извикуваа незадоволните демонстранти.

Казната за носење на маски е до една година затвор, а на демонстрантите им е забрането и да го бојат своето лице за да го сокријат својот идентитет.

Забраната донесена на основа на Законот за вонредни ситуации кој последен пат е применет пред повеќе од пет децении, се однесува на сите јавни собири, без разлика дали власта ги дозволила или не.

Носење на маски ќе биде дозволено само за „неоходни потреби“, односно само кога луѓето кои ги носат можат да докажат дека им се потребни за работни, здравствени или верски причини, пренесува „АП“.

– Ќе уапсат 100.000 луѓе на улиците? Владата се обидува да не заплаши, но сега мислам дека луѓето повеќе не се плашат – изјави еден демонстрант.

Фото: Профимедиа

Друг демонстрант вели дека ќе продолжи да носи маска на лицето поради тоа што и „полицијата носи маски додека ја врши својата работа“.

Голема бројка на демонстранти носат маски за време на антивладините протести кои започнаа во јуни, за да го заштитат својот индентитет, стравувајќи дека нивните работодавци би можеле да се најдат под притисок и да преземат чекори против нив.

Тензиите во Хонгконг повторно ескалираа во вторникот, на 70. годишнината од Народна Република Кина, кога полицијата испука околу 1.800 плотуни солзавец, 900 гумени и шест боеви куршуми, од кој еден рани 18-годишно момче, против кое подоцна е подигнато обвинение за предизвикување немири и напад врз полицијаци.

Протестите во Хонгконг започнаа поради спорниот закон кој дозволува испорака на осомничени лица во Кина, каде, како што сметаат противниците на законот, не би добиле правично судење.

Подоцна, демонстрантите ги зголемија барањата за повеќе демократија во Хонгконг и помало влијание на Пекинг во внатрешните работи на оваа автономна провнција.

Претседателката на владата на Хонгконг, Кери Лам, и официјално објави дека воведува забрана на маски за лице по неколкуте месеци жестоки протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот