Хонгконг ќе забрани носење маски на протести

Властите во Хонг Конг планираат да забранат носење маски на јавни собири, јавуваат локалните медиуми.

Тие имаат намера да применат прописи за вонредни состојби што датираат од колонијалната ера за да ги задушат повеќемесечните протести во поранешната британска колонија.

Уредбата за итни случаи не се користи повеќе од 50 години.

Протестите во Хонг Конг избија во јуни како одговор на законот за екстрадиција на осомничени престапници во Кина.

Критичарите стравуваат дека новите правила би можеле да ја поткопаат независноста на судството во Хонг Конг и да им се заканат на дисиденти, пренесува Би-Би-Си.

Се очекува забраната да биде објавена в петок по состанок на извршен совет, јави локалната телевизија ТВБ. Со него, на властите ќе им се овозможи да „донесат каков било пропис за кој сметаат дека е во јавен интерес” во случај на „итна ситуација или опасност за граѓаните”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот