Коалицијата на Ердоган обезбеди мнозинство во Парламентот

Фото: Википедиа

Мнозинството во Големото национално собрание на Турција, според прелиминарните и нецелосни резултати од вчерашните редовни парламентарни избори во Република Турција, го освои Народната алијанса предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), јави Анадолија.

Граѓаните на Турција вчера го избираа претседателот и новиот парламент на земјата.

АКП на турскиот претседател Ердоган ги заврши изборите на прво место и ова е седма последователна победа на парламентарните избори во Турција. Партијата освои 35,58 отсто од гласовите, што е доволно за 267 претставници.

Опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) освои 25,33 отсто од гласовите и ќе има 169 пратеници. На трето место е Националното народно движење (МХП) со 10,07 отсто од гласовите и 50 пратенички мандати.

Во новиот состав на парламентот ќе учествуваат и Партијата ИЈИ која со 9,69 отсто од гласовите ќе има 44 пратеници и Партијата на Зелената левица која освои 8,81 отсто од гласовите и ќе има 61 пратеник.

Така, турскиот парламент ќе го сочинуваат 322 претставници на Народниот сојуз, 213 претставници на Националната алијанса и 65 претставници на Сојузот на трудот и слободата.

Инаку турскиот националистички претседателски кандидат Синан Оган, кој заврши на третото место на изборите во неделата, денеска изјави дека може да го поддржи главниот опозициски кандидат Киличдароглу во вториот круг само ако се согласи да не прави отстапки на прокурдската партија.

Оган освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Како гласаше внатрешноста во Турција: Kаде води Ердоган а каде Киличдароглу пред вториот круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот