НАПАДНАТА АМБАСАДАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА ВО БРАЗИЛ: Поддржувачите на Гваидо се обидеа да го преземат објектот, на повидок меѓународен инцидент

Фото: Принтскрин/ Canal da Resistência - Paulo Pimenta

Група на непознати лица се обиделе да ја заземат зградата на амбасадата на Венецуела во Бразил, соопшти заменик-министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил.

– Непознати лица ги заземаат просториите на нашата амбасада во Бразил. Владата на Бразил треба да даде гаранзии за безбедноста и да ги почитува меѓународните конвенции. Ако агресијата не биде прекината, тоа ќе биде сериозен преседан – нагласи еден венецуелски дипломат.

Официјалните претставници на власта на Бразил засега не го коментираа инцидентот.

Во исто време, пратеникот на бразилската опозициска левичарска Работна партија, Пауло Пимента, напиша на својот профил на Твитер дека зад нападот на амбасадата стојат „поддржувачите на (лидерот на венецуелската опозиција) Хуан Гваидо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот