Нападнат холандски политичар два дена пред изборите

Тиери Боде / Фото EPA-EFE/FREEK VAN DEN BERGH

Претседателот на десничарскиот холандски Форум за демократија (ФвД), Тиери Боде, бил нападнат за време на предизборни активности.

Нападот се случил два дена пред парламентарните избори во таа земја, соопшти неговата партија.

Боде бил удрен со пивско шише во задниот дел од главата и во слепоочницата, се наведува во соопштението. Политичарот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница, поради што до крајот на денот морал да ги откаже сите јавни настапи.

Нападот, меѓу другото, го осуди и премиерот на Холандија во заминување, Марк Руте, велејќи дека такво нешто е „целосно неприфатливо“.

Партијата на Боде е позната како евроскептична, националистичка и антиимиграциска, а се очекува да освои четири или пет места во 150-члениот холандски Парламент на претстојните избори.

Сè што треба да се знае за изборите во Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот