pixabay

Најубавите љубовни цитати од македонски автори

Кољо Мисајловски:

„Не е љубов ако не боли.
Ако не ја чекаш како жед во пекол,
како дожд во пустина,
како сон што не сакаш да го заборавиш.“

Блаже Конески:

„Љубовта е како јазикот –
не ја учиш,
ја чувствуваш.“

Анте Поповски:

„Те сакам со очи што никогаш не те виделе,
со срце што те чекало уште пред да се родиш.“

Ацо Шопов:

„Љубовта не се кажува –
таа се трепери,
се ќути,
се гори.“

Гане Тодоровски:

„Те љубам тивко,
како ветрот што минува низ твојата коса,
без зборови –
со мирисот на утро.“

Петре М. Андреевски:

„Љубовта е жед –
не за вода,
туку за присуство.
За еден поглед што ќе каже сè.“

„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство.“

„Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња, ќе те љубам и губам и во пости и пред гости, само да ме сакаш.“

Ацо Караманов:

„И мојата душа нека биде твоја, а мое да биде твоето лице.“

Гане Тодоровски:

„Ќе ме сотрат еден ден чинам или убавите жени или лошите вина.“

Блаже Конески:

„Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен.“

Славко Јаневски:
„Дојди, свои сме, јас – глад, а ти прекор, обајцата до корен она што сме.“

Кочо Рацин:
„Ги расклопувам очите. Во мојата уста твоето име, наместо Господовото.“

Никола Вапцаров:
„Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам крај тебе, во мракот втренчен да те гледам сам.“

Никола Маџиров:
„Еден ден ќе се сретнеме како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката.“

Елизабета Баковска:
„Со благост те љубам тогаш кога правиш сѐ за да ми се одмилиш.“

Венко Андоновски:

„Пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот