Емануел Макрон / Фото EPA-EFE/MOHAMMED BADRA / POOL

Најнизок рејтинг на Макрон досега, го сруши рекордот по непопуларност

Францускиот претседател Емануел Макрон има рејтинг на доверба од 14 проценти кај Французите, со што го сруши својот личен рекорд за непопуларност, објави денес францускиот весник „Ле Еко“.

Анкетите покажуваат дека само 14 проценти од Французите веруваат дека Макрон ефикасно ќе ги реши проблемите на земјата, што е пад од три поени за еден месец.

Според „Ле Еко“, ова е пад што предизвикува „вртоглавица“, со загуба од седум поени за два месеци и 13 од март 2025 година.

Според податоците, 82 проценти од Французите немаат доверба во сегашниот претседател, додека 59 проценти „воопшто не му веруваат“.

Ова е најниското ниво на доверба откако е спроведено ваков вид анкета на јавното мислење, според „Ле Еко“.

Учесниците во анкетата оценија дека Макрон е изолиран од народот и далеку од нивните грижи, и дека францускиот претседател се чини дека претпочита да се справува со проблемите во странство.

Најновите резултати од анкетата на јавното мислење во Франција покажаа дека слабиот рејтинг на Макрон е еднаков на слабиот рејтинг што некогаш го имаше поранешниот претседател на земјата, Франсоа Оланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот