Најмногу дожд во Лазарополе, најстудено во Берово

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Куманово еден литар на метар квадратен. Најстудено утринава е во Берово каде се измерени шест степени, но во целата држава утринските температури се над нулата.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава преовладува промлениво облачно време со повремени врнежи од дожд на крајниот северозапад, во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија.

Облачното време со врнежи од дожд ќе се задржи и во текот на денот. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време со дневна температура до 18 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот