Најмладиот пациент на Саемот во Белград има 10 години: Детето не сакало да се одвои од мајката

На саемот во Белград се сместени 49 пациенти, од нив 39 мажи и 10 жени. Меѓу нив е и најмладиот пациент, дете од 10 години, потврди државниот секретар во министерството за здравје на Србија, Берислав Векиќ.

Српскиот саем стана привремена болница за лекување на заболени со Ковид-19 /24 март 2020, Белград, Србија/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

– Детето не сакаше да се одвои од мајката, иако сакавме тоа да биде во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, рекол Векиќ.

Досега од Саемот се отпуштени 18 пациенти, бидејќи вториот тест покажал дека се негативни на коронавирус.

Во Србија досега се потврдени 900 заразени лица, 23 луѓе починале, а 43 се излечени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот