Најмалку седум жртви на изборите за рурални совети во Бангладеш

Инциденти на локалните избори во Бангладеш
Инциденти на локалните избори во Бангладеш/Фото: EPA-EFE/MONIRUL ALAM

 Најмалку седум лица загинаа во изборното насилство во Бангладеш, каде што вчера се избираа претставници на селските совети.

Изборите се очекува дополнително да ја зајакнат моќта на владејачката партија, додека постои загриженост за состојбата на демократијата во земјата.

Најголемата опозициска партија го бојкотираше гласањето, велејќи дека искривената политичка атмосфера спречила фер учество. За време на изборите двапати беа изнесени обвинувања за нерегуларности, а политичкото насилство го одбележа гласањето во Бангладеш и во минатото, особено за руралните совети.

Се уште не е познато колку членови на владејачката партија Авами лига се избрани да раководат со селските совети.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот