Најмалку продадени автомобили во последните три децении

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Бројот на регистрации на нови автомобили во Европската унија минатата година беше најмал во последните три децении, и покрај скокот на продажбата во декември на германскиот и италијанскиот пазар. Ова се податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили, кои ги пренесе германската агенција ДПА.

Минатата година беа регистрирани 9,26 милиони патнички автомобили, што е за 4,6 отсто помалку од веќе слабата 2021 година и помалку од кога било од 1993 година. Декември помина малку подобро, при што продажбата скокна за 12,8 отсто на речиси 897.000 автомобили.

Во Германија продажбата се зголеми во декември пред укинувањето на државните субвенции за купување хибридни возила, како и намалувањето на премиите за е-автомобили од 1 јануари. Меѓу најголемите пазари во ЕУ, бројот на регистрации се зголемил само во Германија, но за само 1,1 отсто, додека Италија имала пад од 9,7, како и Шпанија – 5,4 отсто. Европските производители на автомобили се пожалија, пред сè, на недостиг на делови, вклучително и чипови.

Лидер на пазарот и понатаму е „Фолксваген“, со околу 2,3 милиони продадени возила во Европа. Германскиот производител беше пред „Стелантис“ во чии рамки работи „Фиат“ од Крагуевац. На трето место е „Рено Груп“, со нешто помалку од 985.000. БМВ заедно со останатите марки што ги поседува е одговорен за 624.940 нови регистрации, а „Мерцедес“ за 549.023, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот