Најмалку петмина загинати во бомбашки напад врз владин автобус во Кабул

Фото Арихва на СП

Најмалку пет лица загинаа рано утринава во самоубиствен бомбашки напад врз авганистански владин автобус, изјавија официјални претставници на власта, пренесува ДПА.

-Уште најмалку десет други лица се повредени во нападот врз автобусот на Министерството за транспорт, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Кабул Насрат Рахими.

Според властите, експлозијата ја предизвикал атентатор – самоубиец.

На фотографиите што веќе циркулираат по социјалните медиуми се гледа како набљудувачи ги прегледуваат телата штп лежат крај автобусот.

Засега ниту една група не ја презеде одоговорноста за нападот, јави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот