Најмалку дванаесет мртви во Мексико при обид да се ослободи син на припадник на картел

Мексико полиција / Фото EPA-EFE/Jose Luis de la Cruz

Најмалку 12 луѓе осомничени за криминал се убиени во вчерашната престрелка со полицијата во сојузната држава Сонора, северно Мексико.

Вооружениот инцидент се случил на автопатот во близина на Ермосила, а седум луѓе успеале да побегнат, но се претпоставува дека се повредени. Во престрелката повредени се и двајца полицајци.

Мексиканското обвинителство соопшти дека најверојатно групата се обидувала да го спаси синот на Хесус Умберто Лимона, осомничен убиец на фракцијата Синалоа картел, предводена од Хоакин Ел Чапо Гузман.

Карлос Умберто бил приведен, а групата ја нападнала полицијата на автопат. Нападот бил одбиен, а полицијата заплени оружје, шест комбиња и значителна количина муниција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот