Најмалку 20 мртви во нападот на исламистите во Могадишу

Фото: EPA-EFE/SAID YUSUF WARSAME

Сомалиската полиција денеска соопшти дека 20 лица загинале, а 40 се повредени во нападот на исламистите во Могадишу по неколкучасовна размена на оган со безбедносните сили.

Нападот почна со експлозии пред хотелот Хајат пред вооружените лица да влезат во зградата. Безбедносните сили сè уште работат на ставање крај на опсадата на хотелот речиси 24 часа по почетокот на нападот.

Исламистичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.

Групата е позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и врз хотели и други објекти, првенствено во главниот град на Сомалија.

Засега не е познат идентитетот на жртвите, но се претпоставува дека има многу цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот