Најмалку 14 жртви во поплавите во Јемен

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Јемен по дождовната бура што е реткост во таа сушна земја.

Делови од провинциите ал-Махра, Хадрамаут, Шабва, Абин и Јуф на југот и истокот на Јемен се поплавени, соопштија денеска локалните власти.

Дождовните бури се невообичаена појава во овој период во Јемен, кој во овој период од годината вообичаено е сув, и оштетија патишта, земјоделски култури и телекомуникации.

Јеменската метеоролошка служба предупреди дека обилен дожд се очекува и во следните два дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот