Најдолгата инфекција со ковид -10 траела 505 дена, пациентот починал по долгата борба со болеста

Фото: EPA-EFE/HANNAH MCKAY / POOL

Најдолгата инфекција со новиот коронавирус кај едно лице, пред да почине од последиците на ковид-19, траела 505 дена, објавија денеска британските научници.

Претходно еден пациент бил позитивен на САРС-КоВ-2 цели 335 дена.

Кај повеќето луѓе кои се заразиле со овој вирус телото е способно да ја преброди и победи инфекцијата, но пациентот кој бил позитивен 505 дена во континуитет имал многу ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети.

Првиот позитивен тест го имал на почетокот на 202о година, а потоа пациентот бил позитивен при сите останати тестирања, се до смртта во 2021 година.

Научниците кои го проучувале вирусот кај 9 ковид пациенти во Лондон, утврдиле дека кај имунокомпромитираните лица би можеле да се појават нови ковид варијатни.

Научниците од лондонскиот Кинг Колеџ и од Фондацијата Guy’s and St. Thomas’ NHS Foundation Trust своите резултати од истражувањето ги претставиле на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести во Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот