Најдобро чуваната бременост во Холивуд: Џастин Тимберлејк и Џесика Биел го добија своето второ дете!

инстаграм

Британскиот таблоид Дејли Мејл ексклузивно дознава дека холивудскиот актер и музичар Џастин Тимберлејк и неговата сопруга актерката Џесика Биел добиле второ дете. Вестите доаѓаат потполно ненадејно после проблематичниот период во нивниот брак кога актерот беше фатен во афера со колешка на сет. Интересно е тоа што Џесика успеа да ја сокрие бременоста сите 9 месеци.

Според пишувањата на Дејли Мејл, актерката Џесика Биел пред неколку дена на светот го донела нивното второ дете. Сопругата на холивудскиот заводник многумина шокираше со ова бидејќи никој не ни претпостави дека последните девет месеци таа е бремена. Таа успешно се криела на почетокот од бременоста, а потоа од март немаше можност никој да ја види во јавноста поради ситуацијата со вирусот. Славните сопружници наводно добиле уште еден син, а претходно го имаат 5-годишниот Силас.

инстаграм

За британскиот таблоид веста ја потврдила мајката на актерката, која веќе некое време е кај својата ќерка за да и помогне околу бебето. Изгледа дека после проблематичниот период кој кон крајот на декември минатата година го зафати парот, Тимберлејк се препуштил на саканата, па тие одлучиле да ги заборават сите лоши вести и да добијат уште еден наследник.

инстаграм

Потсетуваме дека 39-годишниот Тимберлејк кон крајот на минатата година некое време помина на снимањето на новиот филм, а за време на еден од слободните денови во пијана состојба папараците го забележале во непријатна ситуација со својата колешка Алиша Вејнврајт.

profimedia

После тоа тој јавно се извини на својата сопруга велејќи: „Пред неколку дена донесов погрешна одлука, но да бидам јасен – не се случи ништо помеѓу мене и мојата колешка. Испив премногу таа вечер и жалам поради своето однесување. Требаше да знам подобро. Не сакам мојот син да го види ова. Се извинувам на својата неверојатна жена и целото семејство што се најдоа во ваква срамна ситуација и ќе се потрудам да бидам подобар сопруг и татко. Со овој потег не бев тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот