Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ може и во фудбалот!

Претходно Ѓоковиќ имаше и шанса да се запише во листата на стрелците, но голманот добро реагираше.

На стадионот ГСП Полет во Белград (Србија) е одигран ревијален фудбалски натпревар во кој учествуваа тенисерите кои ќе играат на претстојниот „Адрија тур“, актери, кошаркари и други познати личности.

Присуствуваа Теодосиќ, Биковиќ, Тим, Зверев, Милошевиќ, а помеѓу нив и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Убава можност за дружење и забава на фудбалскиот терен во Дорчол, првиот светски рекет покажа дека може и во фудбалот.

Популарниот Ноле во текот на мечот асистираше за погодок реализиран од Крајиновиќ, видеото од таа акција можете да го погледнете ТУКА

Претходно Ѓоковиќ имаше и шанса да се запише во листата на стрелците, но голманот добро реагираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот