Најдобриот македонски судија ќе го суди финалето на кадетскиот Евробаскет

Фото: КФСМ

Игор Митровски е еден од тројцата номинирани судии кој добија задача од ФИБА да го арбитрираат последниот, 56. меч на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое вечерва завршува во Скопје.

Нашиот најдобар судија, во друштво на своите колеги Оскарс Лучис од Летонија, односно Карстен Штраубе од Германија, ќе ја делат правдата на натпреварот Италија-Шпанија, кој ќе одлучи кој ќе биде новиот европски шампион во кадетскат конкуренција односно за играчи „Под 16“ години.

Големото финале на првенството во Скопје стартува од 21.часот, а се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Инаку, освен Игор Митровски, меѓу официјалните лица на турнирот беа и неговиот брат Зоран Митровски, и Томи Панов, кои исто така, сосема добри го реализираа својот дел од обрските кои пред нив ги постави судискиот департмент на ФИБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот