Најчевска за законите за автопатиштата: Плукаат на демократијата, мислењето на граѓаните и владеењето на правото

мирјана најчевска
Мирјана Најческа / Фото: Архива

Професорката Мирјана Најчевска реагира на контроверзните законски измени поврзани со изградбата на автопатските коридори 8 и 10 кои денеска поминаа во прво читање во Собранието. Се менуваат девет закони, а за дел од измените синдикатите обвинија дека се катастрофални за работничките права. Антикорупциската комисија, пак, порача дека со носењето на законските измени по скратена постапка „се рушат основните постулати на правната држава, се зголемуваат ризиците од корупција и не се остава простор за јавна расправа а пред сѐ не се остава простор за произнесување на стручната јавност за содржината на законските одредби

Најчевска вели дека власта со ова испраќа низа лоши пораки. Еве ја во целост нејзината објава:

„Што ни порачуваат властодршците со предложените суштински измени на 8 закони поврзани со изградбата на коридорот 8 по скратена постапка?

1. Дека плукаат на демократијата, демократските процедури, мислењето на граѓаните и владеењето на правото.
2. Дека стратешките интереси се утврдуваат од денес до утре без никава претходна демократска процедура и слушање на мислењето на граѓаните.
3. Дека заштитата на животната средина е минорно нешто од кое може во секој момент да се откаже власта без за тоа да се консултира со било кого и надвор од демократските процедури.
4. Дека дрвокрадството е легално кога тоа го прават тие кои се на власт.
5. Дека заштитените видови и нивните живеалишта немаат никакво значење кога се во прашање желбите на оние кои се на власт по принципот к*р ми е двор ми е.
6. Дека тие кои ќе ги исечат шумите ќе си остварат корист од тоа (Коце Трајановки е мачја кашлица во однос на оваа багра на мразачи на шумите).
7. Дека кога тоа сакаат тие кои се на власт може да донесат закони кои важат наназад (закони со ретроактивно дејство).
8. Дека просторниот план на Македонија е тоалет хартија без никаква вредност и значење.
9. Дека правата на работниците важат само до оној момент кога нема да дојдат во судир со интересите на оние кои се на власт.
10. Дека минералните суровини на државата се сопственост на партиите кои се на власт и со нив можат да располагаат без никакви ограничувања.
11. Дека правосудниот систем се прилагодува на потребите на партиите кои се на власт и за нив не важат судските процедури.
12. Дека нема потреба да се гради легално бидејки потполно се изедначени легалните и нелегалните градби и секој обид некој да се казни заради нелегална градба треба да се смета за дискриминација (со повикување на овој закон).
13. Дека кога тоа ќе го посакаат партиите на власт за нив нема да важат одредбите од Законот за градење.
14. Дека кога тоа ќе го посакаат партиите од власта за нив не важат одредбите од Законот за земјоделско земјиште.

Пратениците не смеат да ги изгласаат овие закони. Претседателот на државата не смее да ги потпише овие закони. Уставните судии мора веднаш да ги поништи. А Владата која ги предлага треба да падне под итно, порача професорката Најчевска.

Власта со неприлагодена брзина ги „вози“ автопатиштата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот