Над илјада затвореници во Шри Ланка ослободени за Божик

Затвор во Шри Ланка / Фото EPA/M.A.PUSHPA KUMARA

Повеќе од 1.000 затвореници во Шри Ланка го искористија помилувањето од страна на претседателот за Божик и беа ослободени, објавија денеска извори блиски до затворската служба.

Меѓу 1.004-те ослободени има и граѓани кои не платиле казни за разни прекршоци, велат истите извори.

Шри Ланка, населена претежно со будисти, објави колективна амнестија во мај на Денот на Весак, кога се одбележуваат состојбата на просветлување и смртта на Буда.

Една недела пред Божик, полицијата на Шри Ланка почна голема операција против дрога, која активистите за права ја критикуваа поради недостиг на законски налози и претходни истраги. Уапсени се речиси 13.700 осомничени трговци со луѓе кои ќе мора да поминат низ програма за детоксикација во воените центри, соопшти полицијата.

Затворите во островската држава се познати по тоа што се пренатрупани.

Според неодамнешните официјални податоци, има приближно 30.000 затвореници во инфраструктура предвидена за 11.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот