Над 50 илјади граѓани се вакцинирале против сезонски грип

Вакцинација против сезонски грип/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади се пријавиле за бесплатна вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Со вакцинацијата против сезонски грип се опфатени возрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Како што информира Министерството, имунизацијата се врши во Центрите за јавно здравје и здравствените домови

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита постигнати се најдобрите резултати во историјата на медицината. Признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот што создава колективен имунитет – се наведува во соопштението.

Заинтересираните граѓани можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница, a потоа преку СМС-порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

Годинава, од Министерството за здравство велат дека е зголемена количината на купени вакцини, при што се купени 60.000 дози четиривалентни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот